Непалскиот премиер К.П. Шарма Оли поднесе оставка, потврди неговиот помошник. Во исто време, демонстрантите против корупцијата го прекршија полицискиот час и се судрија со полицијата, објави Радио Слободна Европа.
Непал ја укина забраната за социјалните медиуми во вторник по масовните протести предизвикани од самата забрана. Непалската влада на 4 септември соопшти дека ги блокирала повеќето платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, бидејќи компаниите не ги почитувале прописите што бараат од нив да се регистрираат кај владата.
Законот, кој не е усвоен од парламентот на Непал, беше широко критикуван како алатка за цензурирање и казнување на противниците кои ги изразуваат своите ставови преку интернет.
Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 300 беа повредени во протестите предводени од членовите на „Генерацијата З“.
Властите воведоа полициски час во метрополитенската област Катманду за да ги спречат понатамошните протести.
Во меѓувреме и информацијата дека армијата на Непал најави дека од синоќа ја презема контролата, без да прецизира што тоа конкретно значи.