Во Скопје се одржаа 29-те Републички спортски игри на пензионерите под покровителство на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Учествуваа 40 здруженија со 328 спортисти, а се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини.
Здружението на пензионери од Битола настапи во 8 дисциплини со 19 спортисти, а освои едно прво место во дисциплината трчање на 80 метри мажи до 60 години. Едно второ место во пикадо мажи, две трети места фудбал жени и шах мажи.
За најдобар шахист на републичките спотските игри беше прогласен Томе Тодоровски.
Здружението на пезниоери Битола упати честитки за нивните пензионери спортисти кои зедоа учество на овие игри, а посебно честитки за победниците.