Битолски „Водовод“ информира дека целосно е завршен проект за новата водоводна линија на ул. „Сру“ бр. 5.
„Проектот за изградба на новата водоводна линија е целосно завршен. Вградени се нови полиетиленски цевки со соодветни приклучоци, со што е обезбедено поквалитетно водоснабдување за корисниците од оваа улица“ стои во информацијата од битолски „Водовод“.