ТЕРА

REKLAMA???

ЗАРАДИ ФЕСТИВАЛОТ СЕ ЗАТВОРА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ

Oвде нема да има паркирани возила. Не дека паркингот станува слободна зона, како што некогаш се предвидувало, туку нема паркирање заради фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“. Вака преку соопштение битолски „Паркинзи“ ја информираат јавноста да си знаат дека на денот на отворањето на „Манаки“ дури од 6 часот наутро до 23 часот нема да работи како вообичаено.

Што и како ќе има на овој простор не знаеме, но дека од тука врват гостите кои потоа ќе го газат црвениот килим кој се постила пред Центарот за култура, е нешто што и лани и таа година пред тоа и така сите години, освен во пандемијата, е сценариото на овој фестивал.

А, за возачите апелот на „Паркинзи“ е да си најдат алтернативни решени, на паркинг зоните во близина на овој плоштад-паркинг простор.
Без многу галама се прават подготовките на овој фестивал, за кој и битолчани велат дека се е во Скопје, а реализиацијата во Битола и тоа толку колку што траат фестивалските денови, а сите останати над 350 денови фокусот е во централата во Скопје.
Значи, да заклучиме односно, да потсетиме, ако сабота планирате да се движини низ Широк сокак односно центарот на градот, а притоа да го оставите вашиот автомобил таму некаде блиску до најградската улица, заборавете на овој паркинг простор, тој ќе биде во функција на фествалот.