На овие избори што треба да очекуваат граганитe? Ова е прашањето кое треба да си го поставиме, дали тоа што е досега сработено, што не е сработено, односно во каква состојба сме, што е наративот на опозицијата или треба да очекуваат граѓаните да слушнат кои се сратешките планови за развој на градовите, го прашавме аналитичарот Петар Арсовски.
„Секако дека гласачите треба да очекуваат од кандидатите за градоначалници па и советите на општината сериозни стратешни планови за развој на општината, односно понуда. Сепак мислам дека имајќи ја предвид високата тензија, високиот политички антагонизам кој постои помеѓу различните политички партии, мислам дека најголемиот дел од наративот на политичките партии и кандидатите ќе се сведе на негативна кампања, односно на напад на опонентот, наместо на понуда на решенија. Но, работа на граѓаните е да бараат од кандидатите проекти и планови и понуда за иднината, а не само критика на нивниот опонент“ вели Арсовски.

Со него разговараме и за тоа дека се локални избори, дали треба и кандидатите за градоначалници и кандидатите за советници да се заниваат со ѓубрето по улици, мини депонии, правење тротоари, улици, асфалтирале, како некаде се гази во кал и сл.
„Далеку од тоа, тоа се основни ифраструктурни прашања на основната работа на локалната самоуправа кои треба да бидат „Sine qua non“, треба за нив повеќе да не се разговара, повеќе треба да се разговара за да речеме деловен амбиент, за можности за развој на локален бизнис, заштита на животна средина, развој на општината во смислам на забавни паркови, социјални површини и ткн, развој на урбанизам, но имајќи предвид дека Македонија е се уште не развиено подрачје, се уште локалната самоуправа се бави со основни инфраструктурни проекти, наместо со вистинска визија за иднината“ вели тој.

Некои сметаат дека и на овие избори нема да не одминат националните теми, оттука и прашањето дали учесниците во изборната трка ќе водат кампања локална или национална, па следствено на тоа и гласањето за партијата, а не за кандидатите.
„Малку е тешко да се направи таа поделба иако е вистина дека локаната власта нема врска со надворешната политика и со евроинтеграции, но имајте предвид дека локалната и централната власт во Македонија се тесно врзани, затоа што не постои вистинска фискална децентрализација на локалната власт која нема доволство сопствени и независни приходи, таа често зависи од дотации или од помош на централната власт. Последен пример беше траншата од 250 милиони евра за општините од унгарскиот кредит, така што нормално е локалната власт да бара од централната власт или да рекламира дека близината со централната власт ќе и овозможи да потроши повеќе средства за таа општина, да добие повеќе средства од буџетот, па и од такви дополнителни проекти. Затоа тие граници помеѓу ингеренциите на ценралната и локална власт кај нас често во кампањата се бришат“ појаснва Арсовски.
На овие локални избори има и многу независни листи. Значи ли тоа дека тие се ставени во подредена состојба за разлика од оние кои се дел од локалната самоуправи било власт или опозицијата и во локалните совети?
„Независните кандидати во моментот се во подредена положба затоа што немаат партиска инфраструктура и затоа што не се добро распоредени секаде на терен. Инаку леснотијата со која што тие сега можат да се кандидираат со само два потписа по новите правила на Државната изборна комисија им дозволува на сите да трчаат на локалните избори условно речено рамо до рамо со поголемите партии, но нивниот најголем хендикеп е што не се целосно познати, немаат доволна партиска инфраструктура, понекогаш немаат ниту ресурси и немаат зад себе портфолио, па можеби затоа нивниот наратив најчесто се сведува на критика“ вели аналитичарот Арсовски.

Од она што досега го гледаме од една страна имаме што е сработено и што се работи, од друга страна што не е среботено и не се работи. Овој Совет, битолскиот уште еднаш треба да се состане за да се обврзат на фер, демократска, коректна и како уште сакате наречетеа предизборна кампања.












