ТЕРА

REKLAMA???

СЕ УРИВА ОПОЖАРЕНИОТ ОБЈЕКТ НА „ЛОВЕЧКА“, ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ

На локацијата позната под името “Ловечка” на 2000 мнв во тек се активности за рушење на објект кој беше опожарен во ноември 2021година, информираат од  Националниот парк „Пелистер“.

Оттаму велат дека годините наназад опожарениот објект претставуваше ризик по безбедноста на сите минувачи и честопати од несовесните посетители на Пелистер се користеше како место за одлагање на отпад.

Преземените активности се во насока на безбедност на посетителите на НП Пелистер и во насока на заштита на природата.

На истата локација во скоро време ќе се започни со изградба на нов објект кој ќе служи за противпожарна заштита, видео мониторинг на видови и поставување на метеоролошка станица. Новиот објект исто така ќе функционира и како модерен шелтер за сите посетители на НП Пелистер.