Две градоначалнички кандидатури за општина Кривогаштани, таму нема независна листа.
Што се однесува до Советот на општината поднесени беа 3 листи и тука само политички партии без независни.
За прв човек на Македонски Брод до општинската изборна комисија беа поднесени четири кандидатури, една независна и три на политички партии.
Дури 13 листи поднесени за место во идниот состав на советот на општина Македонски Брод. Од нив пет се независни листи.
Четири кандидатури поднесени за градоначалник на Ресен, една независна и три партиски.
Двојно поголем е интересот за идниот состав на Советот на Општина Ресен, дури 8 кандидатски листи, од кои само една е независна.
За општина Пласница само две кандидатури беа поденсени во ОИК и девте на политички партии.
Пет кандидатски листи за Советот на Пласница
Во општина Долнени поднесени биле седум кандидатски листи за градоначалник на општината. Од нив два независни листи. За Советот на Долнени поднесени дури 14 листи, од кои 2 независни.
Четири кандидатури за градоначаник на Кичево, од кои една независна. За Советот на Општина Кичево 11 советнички листи, од кои една независна.