ТЕРА

REKLAMA???

САМО 5 ЖЕНИ ОД ПЕЛАГОНИЈА ТРЧААТ ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ТРКА

Дали правото на жените да бидат избрани за градоначалници е само декларативно во државава?  Според податоците од дик само 10% се жени, што е за 30% помалку од законскиот минимум. Хероини или нешто друго ?

Законски определените 40% жени во годинешнава трка за градоначалнички места не постои. Според податоците на ДИК, само 10,4 проценти од кандидатите за градоначалник се жени.  Постои и асиметрија во општините односно регионите во државава, податоците велат во одредени региони Нула е бројот на жени кандидати за градоначалник.

Податоците од јавниот регистар на листите објавени од Државната изборна комисија од електронската база на кандидати кадешто е означен и полот на кандидатите вели дека во Пелагонија од 210.00-220.000 жители, само 5 жени се директно вклучени во градоначалничката трка

Битола од 8 кандидати има само 2 жени – Габриела Илиевска поддржана/ предложена од Група избирачи и Мирјана Мирчевска исто така независна поддржана од група избирачи и Македонска ера трета. Во проценти ова е 25% од кандидатите.

Од општините соседи на Битола кандидатки за градоначалнички има само уште во Прилеп – една жена повеќе од Битола. И во проценти тоа е 33%  вкупниот број на кандидати за градоначалници. Павличне Матевска поддржана од група избирачи, Петра Лукаревска на коалицијата предводена од СДСМ и Јасминка Стојковска од полититичката партија Демократи Скопје.   И толку.

А пелагонискиот плански регион има 9 општини. Нула жени кандидати во Демир Хисар што предничи со бројот кандидати заинтересирани за градоначалничката функција, Долнени, Могила, Новаци, Кривогаштани, револуционерно Крушево, Македонски Брод, Пласница, Ресен, Кичево –  жените ги нема на кандидатиските листи за градоначалници. Уште поинтересно е што од петте жени кандидати во Пелагонискиот регион мнозинството кандидатки ( три ) се независни, а само две од политичките кругови во партиите кои постојат.

Во главниот Град Скопје, со двоциферна бројка  кандидати за градоначалник , само една е жена.

Ова дури е и напредок. Според податоците од ДИК, на локалните избори во 2021 година, имало скоро 8% жени кандидати. Според податоците на УНДП од 1996 година до 2021 година од 660 градоначалници избрани, само 18 биле жени. До денес бројкава се зголеми само за уште две избрани – Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јованова во Старо Нагоричане.

Состојбата е ваква и покрај фактот што државата прави позитивна дискриминација на жените и нивното учесто во политиката и на високи,раководни функции. Првиот закон во кој се ставија квоти и 30%-на застапеност беше донесен во 2002 година, по 4 години се внесе измена со која се наложи секоја трет кандидат на листите за советници или пратеници да биде жена, а во 2015 година се зголеми процентот на жени во политика на 40%. Во 2020 година се прецизира со  фразите процентуална балансираност и родова балансираност.

Бројни организации го анализирале ваквиот исход. Анализирани биле социјалниот, економскиот, па и психолошкиот контекст.  За УНДП главната причина е во „Недоволна женска референтност и финансиска поддршка“, за ОБСЕ – „социокултурните бариери и стереотипи“ за улогата на жената во светот, а за балканскиот портал „Балкан Инсајт“ – шаблоните во партиите. Публикацијата „Жени политички лидери: Влијанието на родот врз демократијата“, која се базира на анализа на повеќе од 500 студии за влијанието на жените лидери во политиката и јавниот живот како најголеми пречки за жените да стигнат до лидерски позиции, укажува на тројството: пари, насилство и културни норми.

Овие три циклично се менуваат. Во телекомуникацискава ера,  насилството, особено во форма на сајбер закани, навреди и понижување, стана една од главните причини зошто жените се обесхрабрени да влезат во политката и со тоа трката за градоначалник на градот.

Оттука и дилемата од насловот на овој прилог.  Дали ако живеевме во поранешниот  социјализам, овие жени досега ќе беа прогласени за хероини? Или пак веќе се прогласени за нешто сосема спротивно? Гласовите од граѓаните ќе покажат.