Универзитетот Св. Климент Охридски денеска го отвори четвртиот уписен рок за додипломски студии. вчера пак заврши пријавувањето на кандидатите кои се заинтересирани за вториот циклус образование на УКЛО.
1.034 студенти се запишани на првиот циклус на студии на Универзитетот Св. Климент Охридски, но од предвидените места за бруцоши има уште слободни за сите категории студенти.
На високообразовните единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, во согласност со Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии во академската 2025/2026 година во четвртиот уписен рок има слободни места за 266 студенти на Техничкиот факултет за сите студентски програми, 189 слободни места има на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, 73 на ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС, 115 на Економскиот факултет во Прилеп, 117 на Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, 121 слободно место има на ПЕдагошкиот факултет во Битола. 95 места има на Факултетот за безбедност во Скопје, 140 слободни места има на Правниот факултет во Кичево, а 87 на Факултетот за биотехнички науки во Битола. 32 места во четвртиот уписен рок се слободни за студенти кои би запишале Ветеринарен факултет во Битола и 121 слободно место има за студенти кои би се запишале на Високата Медицинска школа во Битола.
Запишувањето во четвртиот уписен рок се врши за истите категории студенти и според истите услови и критериуми утврдени во Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2025/2026 година, објавен во весникот „Нова Македонија“ на ден 01.07.2025 година и на интернет страницата www.uklo.edu.mk. – велат од Ректоратот на Универзитетот.
Роковникот, календарот за четвртиот уписен рок вели Пријавување на кандидатите од 01 до 08.10.2025, Претходна проверка на знаењатана англиски јазик на 09.10.2025 кога ќе биде и објавена прелиминарната ранг листа . На 10 октомври ќе биде објавено решението за прием на кандидатите, а на 13 октомври ќе биде спроведено запишувањето на примените кандидати.
Вчера пак заврши првиот рок за пријавување на кандидати кои се заинтересњирани за вториот циклус на студии. Според информациите на Ректоратот, на втор циклус студии – магистерски, пројавени биле 80 кандидати.
Според статистиката на универзитетот и досега запишаните студенти за прв циклус во академската 2025 / 2026 година и кандидатите за вториот циклус се слична бројка како минатата година.












