Во денешниот Актуел беше ждрепката за редоследот на телевизиските интервјуа со кандидатите за градоначалник на Битола. Интервјуата ќе се емитуваат од понеделник 6 октомври во 16:20 часот секој работен ден.
Редоследот според извлекувањето е следен:
Понеделник 6 октомври-кандидатот за градоначалник од партијата Демократи-Јорго Огненовски.
Вторник 7 октомври-кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата-Тони Коњановски.
Среда 8 октомври-кандидатот за градоначалник од Група избирачи-Зоран Николовски.
Четврток 9 октомври-кандидатката за градоначалничка од Македонска Ера Трета Суверенисти-Мирјана Мирчевски.
Петок 10 октомври-кандидатката за градоначалничка од Група избирачи-Габриела Илиевска.
Понеделник 13 октомври-кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата-Методија Куновски.
Вторник 14 октомври-кандидатот за градоначалник од Група избирачи- Ќире Димов.
Среда 15 октомври-кандидатот за градоначалник од Група избирачи-Васко Деловски.
Со ова кандидатите имаат еднаква шанса пред гласачите да ги претстават своите програми, а граѓаните да добијат целосна слика за тој кој што нуди, се со цел полесно да се донесе одлуката за тоа на кого ќе ја дадат нивната доверба.












