ТЕРА

REKLAMA???

3 ДЕЦЕНИИ ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА

Три значајни настани одбележа Педагошкиот факултет од Битола. 30 години од своето постоење, 6-та меѓународна конферфенција „Образование преку границите“ и Светски ден на учителот.

Во историјата на Педагошкиот факултет од Битола се бројните слободоумни луѓе желни за образование и држење до светските научни текови. На свечената академија на која присустуваа  припадници на академската заедница, општествено – политички претставници и гости  на кои им се обрати ректорот проф. д-р Игор Неделковски.

Деканката, проф. д-р Данче Сивакова – Нешковски  вели „ Факултетот се развива во современа установа за едукација на учители и воспитувачи преку четиригодишни студиски програми и денес успешно подготвува кадар кој одговара на предизвиците на современото образование.“

„Факултетот претставува заедница која постојано негува култура на квалитет на сите нивоа, создавајќи академска средина во која науката, знаењето и универзалните човечки вредности се во фокусот на дејствувањето“-вели таа.  А показ за тоа е и меѓународната конференција што ја реализира овој факултет веќе по шести пат – Образование преку границите – РЕМА 2025.

На свечената академија, беа доделени благодарници на  пензионирани професори, административен кадар, институции  и поединци кои во изминатиот период дале значаен придонес во развојот на Факултетот. Празнувањето на 3 децениското постоење на Педагошкиот факултет во Битола се реализира на Светскиот ден на учителот – 5 октомври.

Според зборовите на ректорот  Неделковски, „Педагошкиот факултет достоинствено ја продолжува просветителската мисија на свети Климент Охридски, како негов духовен и академски наследник. “

 

Повеќе за сите настани од изјавите на проф. Д-р Игор Неделковски и проф. Д-р Данче Сивакова – Нешковски во видео прилогот што Ве носи до YouTube.