Битолскиот билтен на секторот за внатрешни работи повторно содржи информација дека повозрасна жена била измамена и на едно лице на рака дала 27.000 евра.
62-годишна жена од Битола вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. – стои во информацијата којашто ја споделува со јавноста СВР Битола.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Министерството за внатрешни работи се соочува со бројни вакви пријави и постојано објавува предупредувања, но очигледно сеуште постојат граѓани кои под напливот на емоции прават нагли потези. Но очигледно е и дека се поголем е бројот на измамници или пак државата не успева да стави крај на групите кои често дејствуваат организирано, а во своите редови имаат и политичари и адвокати и судии.

Кога аголот на проблемот е кои се измамените и кои се измамниците, треба да се отворат страниците на Психологијата, за да се најде приближната сличност на структурата на личноста.
Психолошкиот профил на лица што стануваат жртви на финансиски измами се вообичаено лица кои имаат склоност да им веруваат на луѓето, авторитетите и институциите, но исто така и луѓе кои се потпираат на најчесто добро изградениот впечаток од измамникот на доерба. .Тоа се возрасни лица кои потстојано имаат емоционална импулсивност и , со оглед на годините на жртвите на финансиска измама кај нас – лица кои се социјално изолирани, особено постаруи лица, кои се вовлечени во „романтични“ или „пријателски“ измами. И образованието на измамените не е гаранција.
Измамниците пак имаат психолошки профил комплетно различен од оној на жртвите. „Најчесто тие поседуваат комбинација на манипуативни, социјално-интелигентни и емотивно неемпатични црти“. Во превод, Не чувствуваат вистинска вина или сожалување,сопствената добивка ја оправдуваат со рационализации . Ова е типично за лица со психопатски или нарцисоидни црти.“- оттука тие тоа се. Имаат исклучителна потреба за контрола, веруваат дека се „попаметни од системот“, Уживаат во чувството на моќ и интелектуална надмоќ над жртвите со еден клучен елемент – имаат силна потреба за признание дека успеале, трчаат по статусот дека се паметни и сето тоа го зачинуваат со материјален успех.
Оттука, апелот до возрасните лица од МВР треба постојано да биде актуелен.












