ТЕРА

REKLAMA???

АРХИВИТЕ ГИ ЧУВААТ ТАЈНИТЕ НА БИТОЛСКАТА БОРБА

Светската ревизионистичка политика доминира во ова време, особено кога се работи за Втората светска војна. Но, документите ја покажуваат битолската историја од 4 ноември 1944  година. Битолската прогресивна мисла и слободољубивост ги обедини сите во заедничка борба против фашистичкиот окупатор и денеска со гордост може да се навраќаме на историските настани од октомври и почетокот на ноември, вклучително и 4 ноември, денот на ослободување на Битола.

Ослободувањето на Битола било дел од Битолско-преспанската операција (октомври–ноември 1944), која била пресудна за ослободување на јужна Македонија. Со тоа, Битола станала првиот голем град во Македонија целосно ослободен од германската окупација. Немало преговори германските трупи да отшетаат од градот. Ова го говори историската наука, чиј реномиран претставник е авторот на 15 трудови поврзани со македонската воена историја, професорот Д-р Роберт Трајкоски. Јавноста, цивилите, но и историчарите имаат тенденција воените дејствија во Македонија да ги споредуваат со источниот фронт, а тоа си има своја специфика.

Што се случуваше овде на 4 нооември 1944 година?

Проф. Роберт Трајковски најпрвин упати честитка за големиот празник, а потоа рече дека со ослободувањето започна една нова ера и на нашата држава и на самиот град. Завршија главните операции за ослободување на југозападниот дел на Македонија кои започнале некаде во октомври, а завршиле со ослободувањето на Охрид и Струга на 8 и 9 ноември. На 4 ноември конкретно последната голема непријателска групација „Штаерер“ се повлекува од градот. Се работело за една многу силна групација од околу 20.000 непријателски војници. Поради тоа и партизаните порано не можеле да го ослободат, но тие дејствувале на главните комуникации кои водат кон градот. Пред се комуникацијата Битола-Прилеп, комуникацијата Лерин и комуникацијата Битоа – Ресен. И веќе на 4 утрото во самите мугри, партизанските единици влегуваат во градот, но тие не престанале со борбените дејствија, бидејќи во тоа време Македонија сеуште не била ослободена и тие воени дејствија се пролонгирале се до 16 ноември па и подоцна кога се воделе операции против колаборационистичките сили во западниот дел на Македонија.“

Идеолошкиот пристап за корегирање и надополување на историските толкувања врз основа на нови факти и аргументи се случува и кај нас  во светот, а на историчарите им смета обидот за искривување на вистината или пак политичките цели. Документите кои Д-р Трајковски ги истражува ја потврдуваат досега напишаната битолска историја.

„Па го има тој ( ревизионнизам н.з), посебно се минимизира улогата на Комунистичката партија  во организирањето на антифашистичката борба – вели меѓу другото.

Д-р Трајковски е професор по историја во гимназијата „Таки Даскало“. Секојдневно се сретнува со младата генерација битолчани на кои војната им е далечна слика за која веќе не слушаат ниту од своите баби и дедовци.

Моментално работи на германските воено-економски активности во Македонија кои многу малку се истражени , а во тие документи има и социјални, и културолошки и економски аспекти кои во нашата историја до 90те години па и во денешо време се занемаруваат . А тоа ќе даде нова перспектива на животот на населението во Битола и битолско за време на  Втората светка војна и 4 ноември, како ден на ослободување  и продолжување на континуитетот на градската населба од бронзено доба.

 

Повеќе за знаењето и значењето на историјата во образовниот систем и конкретно 4 Ноември, во прилогот подолу што вe носи до YouTube.