Филипини прогласи вонредна состојба. Силна бура што се приближува кон најголемиот филипински остров Лузон прерасна во супертајфун, додека еден регион веќе страдаше од „услови опасни по живот“, објавија филипинските власти. Повеќе од 900.000 луѓе се итно евакуирани во источните и северните региони, објавува Гардијан.

Според Филипинската метеоролошка агенција Пагаса, тајфунот Фунг Вонг ќе донесе ветрови од 185 км/ч и обилни врнежи од дожд во неколку области во недела. Источниот регион Бикол беше погоден прв, додека Лузон – најнаселениот остров во земјата – се очекува да биде погоден во текот на ноќта од недела до понеделник.

Фунг Вонг, познат локално како Уван, доаѓа само неколку дена откако претходниот тајфун Калмаеги остави зад себе пустош и речиси 200 смртни случаи. Неколку училишта ја откажаа наставата во понеделник или се префрлија на онлајн настава, додека Филипинските ерлајнс откажаа неколку домашни летови, објавува Би-Би-Си.

Фотографии: слика од екран/сопственост на соодветните медиуми

















