Kокошкините јајца поскапеа деновиве. Во маркетите може да се најдат со за 15% повисока сума или просечно по 30–40 денари повеќе по табла. Растот на цената во маркетите е заради растот на цената на производството, а го спроведоа скоро сите производители во Македонија.
Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 89 – 90 на 105 денари, реагираат купувачите. Иако во различни маркети може да се најде и до 130 денари, велат познавачите. На скопските пазари пак, таблата од 30тина јаца се пресметува дека е повисока за цели 100 денари.

Скоро сите производители го спровеле поскапувањето и негираат дека поскапувањето се случило нагло, како што реагираат граѓаните. Последново зголемување на цената е за околу 15% повеќе од досегашната цена на различните класи кои се дефинирани по големина. Но, производителите со кои денеска ние разговаравме велат дека во текот на целото лето имало поскапување на цената иако процентот бил мал и можеби незабележлив за граѓаните. А се случувало поради малиот раст на цената на нафтените деривати, па со малиот раст на цената на потрошената струја, со растот на цената на храната за несилките, со раст на цената на документацијата којашто се користи при увоз, транспортот.
Неколку причини се наведуваат од производителите – од поскапувањата на суровината – пченката којашто треба да се увезе затоа што е поквалитетна од нашата, до поскапување на амбалажата и нејзиното брендирање. Во зголемените трошоци коишто ги имаат производителите се е трошокот за нафта, трошоците за струја, платите на вработените кои мора да се движат заедно со пораст на животните трошоци.

Во причините се наведува и фактот што Македонија не е автохтона држава, а во европскиот пазарен контекст во кој функционираат живинарите, велат има се помалку јајца. Европскиот проблем со јајцата започна од декември минатата година, кога Белгија и Холандија побараа од Унијата да донесе правила со кои ќе се гарантира самоодржливоста на живинарските фарми. Со намалувањето на самоодржливоста, европските земји се свртија кон увоз од трети земји, како Кина, Украина и Бразил, од кои со јајцата извираат и моралните проблеми на европејците, затоа што регулативите за хигиена и благосостојба на животните во нив се помалку строги.
Живинарската индустрија, која главно е фокусирана на производство на јајца, во текот на последните дваесет години постојано се намалува, иако приватните индивидуални фарми ја зголемуваат оваа активност во овој сектор. Производството на јајца е примарна активност на македонската живинарска индустрија. Има големи фарми (околу десет од нив, кои чуваат околу 37% од вкупниот број на несилки, во просек 80-100 илјади несилки по фарма и просечно производство од преку 300 јајца/кокошка/годишно), многу средни фарми во фамилијарна сопственост (кои одгледуваат околу 63% од несилките, со просечен капацитет од 2-5 илјади по фарма, со просечно производство на 108 јајца/кокошка/годишно) и живина која се чува на домашните дворови. Производството на јајца во Македонија е доволно за нејзините потрошувачки потреби.












