ТЕРА

REKLAMA???

ЗАРАДИ ДЕФЕКТ БЕЗ ВОДА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ОД КРАВАРИ ДО МЕЏИТЛИЈА

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека во текот на денешниот ден со прекинато водоснабдувањето се населените места од Кравари до граничниот премин Меџитлија.

Во соопштението велат дека со оглед на временските неприлики и поплавените делови, екипите на терен се соочуваат со потешкотии при лоцирање на дефектот,  поради што интервенцијата може да потрае подолго од вообичаено.