ТЕРА

REKLAMA???

ТАЈНИОТ ПЛАН ЗА РУСКО-УКРАИНСКИ МИР НАЧЕЛНО ПРИФАТЕН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпишал указот со кој се формира делегација којашто ќе учествува на мировни преговори со Русија предводени од САД и меѓународните партнери.

Генерално и Путин се согласил да се разговара по предлог мировниот план составен од специјалните пратеници за преговори на Русија и САД.

Планот е „таен“ затоа што излегуваат само делови од него. Го составиле Стив Виткоф, претседател на бизнис групацијата „Виткоф“, специјален претставник на Трамп за руско-украинскиот проблем. Кирил Дмитриев пак е претседател на Рускиот фонд за директни инвестиции, претставникот на Путин пред администрацијата на Трамп.

Од „тајниот план“ се знае дека содржи 28 точки , меѓу нив и  Признавање на Крим и делови од Донбас ( Луганск и Доњецк) како  Руски територии, ограничување на украинската армија на 600.000 војници, украинско откажување од членство во НАТО и гарантирање дека нема да се приклучи во НАТО во иднина, НАТО пак да не позиционира свои трупи во Украина туку САД и други да се погрижат за „безбедносни гаранции“ за Украина. Планот предвидува и некои од замрзнатите руски средства да се употребат за обновување на Украина. Во однос на Русија се работи за економски мерки, укинување на одредени санкции на Русија во одреден временски период и нејзина финансиска интеграција.

фотографија: слика од екран/сопственост на guardian

 

Аналитичарите констатираат дека планот претставува украинско „предвање на делови од територијата“, но, состојбите на терен и заканите од Путин дека ќе продолжи со зголемени воени дејствија доколку дипломатијата не даде резулат, го исправаат Зеленски пред тешка задача – и оваа зима да продолжат воените напади кои се случуваат на територија на Украина. Прифаќањето на сите точки, особено оние поврзани со територијалните отстапки не се во прилог на досегашната европска политика во регионот во кој три години се води војна.

Според ОН-  мисија за човекови права, во тригодишната војна ( Русија ги направи првите воени активности на 24 февруари 2022 година) , убиени се најмалку 12.654 цивили, а 29.392 се повредени. Воените жртви се многу поголеми иако податоците се поделени: според руските проценки над 790.000 војници се убиени во воените активности, а преку 50.000 се сметаат за исчезнати; според украинските проценки објавени од министерството за одбрана во септември годинава, 400.000 украински војници се загинати во воените дејствија, а преку 35.000 се прогласени за исчезнати.

Нацрт-планот Виткоф-Дмитриев се појавува во време кога Русија тврдеше дека има мали територијални добивки во источна Украина, а Зеленски се соочува со домашна криза во која се вмешани високи функционери во скандал со корупција вреден 100 милиони долари.

 

 

насловна фотографија: ВИ генерирана