ТЕРА

REKLAMA???

РЕКИТЕ СЕ ПОВЛЕКОА, НО ОСТАВИЈА НАНОСИ ТИЊА И КАЛ

Обилните дождови прекинаа во Битолскиот регион и нивото на водата во реките постепено се намалува и е во опаѓање. Иако реките се враќаат во своите речни корита на своите вообичаени нивоа, предизвикаа проблеми во секојдневието со кое се соочуваат граѓаните скоро во сите населени места и селата во општина Битола. Наноси тиња и кал, остатоци од отпад, гранки и лисја што водата ги носела со себе.

Екипите на јавните комунални претпријатија интервенираа цело време.

 

Екипите на ЈКП „Водовод“ непрекинато интервенираат. Спроведуваа активности и за време на викендот и тоа на повеќе локации кадешто се појавија дефекти.

Од „Водовод“ велат  „интензивно се работи и на расчистување и санирање на поплавените делови од водоводната мрежа, со цел да се обезбеди стабилно, уредно и непрекинато водоснабдување за сите корисници.“

Фотографиите  се од нивните интервенции во различни населени места во општината.