Денеска е второт ден од хакатонот што го организираат студентите на УКЛО . Според очекувањата, деновите се исполнети со креативност, тимска работа и иновации. Зборувавме со неколку студенти од УКЛО кои биле дел од вакви натпреварувања. А тие пак, низ своето искуство ја манифестираа мисијата на високото образование и алијансата на 9 европски универзитети во кои битолскиот универзитет е водечки.

Разговори, шушкања, подѕирнувања до каде е другиот тим. Разговори со бизнисмени и професори за различни аспекти од секојдневието и на граѓаните, и на бизнисите и на академијата. Денеска на ФИКТ се случува вториот ден од хакатонот Мултидисциплинарни предизвици на тројната транзиција: социо-економски, зелени и дигитални . По формат е хибриден – едни тимови се тука во Битола, има и странски студенти, други се таму во своите универзитетски градови, комуницираат преку современите телекомуникациски можности.

Бојан Трајковски учествуваше на хакатонот во падерборн, партнертскиот универзитет падернборн во Германија.
Ирена и Душица беа учесници на хакатонот во Кристијанштад во Шведска. И тие запознаа нова култура , но и станаа успешен дел од меѓународен тим на студенти со кои заеднчки решааваа тоа што низ претходните дискусии го воочија како проблем што го има и во Македонија и во Шведска. Храната што се продава во маркетите е само една точка кадешто се допираат животите на луѓето без разлика во која земја живеат.

Чувството дека се дел од европската академија е видливо кај Ирена и Душица, победничко инспиративно, само од моментот кога како дел од УКЛО студенти се вклучиле во хакатонот на шведскиот универзитет, дел од Алијансата КОЛОРС. Го промовираа УКЛО и ги заинтересираа своите странски колеги и за универзитетот и за градот и државата.
Хенрик од универзитетот во Кристојанштад од Шведска овде со нетрпение ги очекуваше предизвиците што следуваат на еден хакатон – други тимови, слични теми, решенија кои во дигиталната ера едноставно мора да најдат практична примена во секојдневието.

Но едно е сигурен, дека на хакатоните на Алијансата стекнува долготрајни пријателства. Оттука, ваквите креативни а натпреварувачки средби ја бришат границата „Ние и тие“. На хакатоните нема попаметни од западна европа и помалку учени од Македонија. Сите се едно, еднакви и со единствена цел – да бидат одлични меѓу најдобрите.
Тимот ! Води побрзо до мисијата што се реализира преку хакатонот – европскиот образовен и истражувачки простор претставува копродукција на знаење, а тоа е еден од признатите чекори за идно редефинирање на европската заедница.
Погледнете ги нивните раскажувања во прилогот подолу, ве води до официјалниот канал на ТЕРА Телевизија на YouTube.

















