Советниците избрано од Битолчани на последните локални избори беа ствени во небрано на последната вонредна седница на Советот на Општина Битола закажана на нецел ден пред нејзиното одржување. Буџетот за плати во основното образование се потроши.
И јавност беше повикана на 12тина часа пред почетокот на втората вонредна седница во нецели два месеци од освојувањето на локалната власт.

„ Вчерашната седница беше за проширување на Буџетот на општина Битола по добиениот допис од Министерството за образование и наука за зголемување на блок дотациите односно за плата на професорите во основните училишта “ – не информираше координаторот на советничката група на СДСМ Петар Николовски. И продолжи дека доколку не гласаа едногласно, наставниците ќе останеа без плата во месец Ноември „дефинитивно ќе останеа без плата доколку не се соберевме , а видовте дека голем дел од советниците фалеа на вчерашната седница и доколку Советот не излезеше во пресрет во вакви околности, наставниците ќе останеа без плата, и заради ова сметам дека многу е неодговорно и од страна на владата и од страна на општината.“

„Требаше да го знае ова Општината и требаше да реагира, ама тие се „деца од иста мајка“ и тие се моментално на власт и централна и локална власт, па ако тие меѓу себе немаат координација и не знаат дека му фалат пари тогаш од каде ние како обични граѓани или советници би знаеле дека има недостиг на средства“ – вели Иван Чулаковски, координатор на советничката група на ПОИНАКУ.
„Претставниците од Општина ни кажаа дека е проширување за платите на наставниците од основно образование. “ – вели Стефан Тековски, советник од ГРИН. „Претставниците образложија дека недостасуваат средства и дека треба да има проширување на буџетот односно околу 19 милиони денари кои ние како совет требаше да го одобриме проширувањето на буџетот. “

Неизвесноста за платите на вработените во основно обрзование останува поради фактот што трезорот преку кој треба да се оствари тренасферот на средства се затвора на 15 овој месец, по три дена. На седницата не присуствуваа ниту градоначалникот на Битола, како извршител на општинскиот Буџет, ниту претседателот на Совет како застапник на Советот. Сo итно свиканата вонредна седница претседаваше советничката од ЗНАМ како највозрасен советник , правило кое се користи при конституирање на советите.
Советникот Чулаковски вели „Првин вонредна седница се свикува кога ќе гори нешто, а ова беше од „немукает“ од тоа што владата покачувајќи ги платите на работниците од основното образование во Битола заборави дека нема да им стигнат пари до крајот на годината да ги исплатат сите плати и, испратија Допис до Совет на општина Битола дека мора да напрајме ребаланс. Ни испратија допис на 10 ( декемри) , меѓутоа трезорот оваа година ќе затвори на 15 декември, па ако не се соберевме и ако не го изгласавме ова тогаш немаше луѓето да земат плата за ноември и предновогодишните празници. “

Растот и префрлањето на средства на наменските сметки на релација влада-министерства-општина ќе треба да биде пресметан и за процентот пораст на животните трошоци. Општините, според Законот за буџет сега го изготвуваат. Неофицијални информации до кои стигнуваат советниците се дека во Битола, половина од парите за следната година се веќе потрошени.
Инаку платите на наставниците и во основното образование се покачуваат кумулативно од октомври 2024 година кога Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК попиша договор со владата. За 2025 година во март беше договорено зголемување на платаа во висина од 7 % предвидено во спогодбата напишана во октомври 2024. Во следната 2026 година , пак во март платите ќе треба да се зголемат во висина од 7.5% до 10% , што подразбира дека за следната година веќе се испланирани средствата и во државниот и општинските буџети.

















