ТЕРА

REKLAMA???

НА КОЛЕДЕ ВО ЛЕРИН

Манифестацијата „На Коледе во Лерин“ во соседна Грција која во духот на традицијата се слави со палење на коледарскиот оган и годинава е вистинска атракција не само за битолчани, туку и за жителите од околните градови.

Близината, величествениот оган и чествувањата ги привлекуваат туристите и верниците што го слават Коледе по Грегоријанскиот календар за да уживаат во одбележувањето на овој празник.

На манифестацијата како и во претходните години, посетителите ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во новогодишната празнична атмосфера, да вкусат од традиционалната храна, и да се загреат со варено вино, топла ракија и музика.

Од туристичките агенции од Битола кои ја организираат посетата на манифестацијата, велат дека она што најмногу ги привлекува туристите „На Коледе во Лерин“ покрај палењето на коледарскиот оган се пријатната атмосфера и дружењето.

-Годинава интересот за манифестацијата „На Коледе во Лерин“ во соседна Грција е поголем во споредба со претходните години. Повозрасните битолчани се повеќе заинтересирани за овој традиционален настан од помладите. Она што најмногу ги привлекува посетителите покрај одличната храна и дружењето е и спектакуларниот огномет како завршница на настанот- велат од туристичките агенции што ја организираат посетата.

Според Грегоријанскиот календар, утре 24 декември, верниците од католичка вероисповед го прославуваат Бадник.