ЈП „Стрежево“ и понатаму останува посветено на заштитата на животната средина и одговорното управување со природните ресурси. Порибувањето на Стрежевското Езеро е еден од тие сегменти на работата на ова јавно претпријатие, рече денеска директорката Вера Бешлиевска.
„Денеска го реализиравме порибувањето на акумулацијата Стрежево, согласно риболовната основа и согласно договорот потпишан меѓу ЈП Стрежево и Владата на РМ за користење на риби и други водни организми. “ – рече директорката Бешлиевска и додаде дека порибиле со„ 250 килограми крап со просечна тежина од 245 грама што според риболовната основа треба да биде од 50 до 800 грама. “

Освен атрактивноста на насловот дека Стрежевското Езеро е порибеНо со крап, тоа има своја функција во заштитувањето на животната средина.
„Порибувањето е важно зароа што рибата претставува најдиректен индикатор за квалитетот на водата, а со ваквите активности се придонесува кон одржливо управување со рибниот фонд и зачувување на биолошката рамнотежа во акумулацијата, а и ја исполнуваме обврската како концесионери“ вели директорката.
Оваа година Битолчани не треба да се грижат за тоа дали ќе има вода.

„Оваа година, за разлика од минатата година којашто беше исклучително сушна, имаме 62 милиони кубни метри вода што за овој период нивото на водата е високо. Можеби и за првпат по неколк години го имаме дотокот на таа количина на вода. За разлика од лани, кога имавме околу 34 милиони метри кубни вода во овој период. Допрва ги очекуваме снеговите, но , морам да повторам како што и во многу пати кажувам дека не зависи само од количината на снегот, зависи и од начинот на кој тој се топи, од температурата.. но очекуваме оваа година да имаме доволно количина на вода за сите потреби и на „Водовод“, РЕК Битола, индустријата и земјоделците. “ – рече денеска за медиумите директорката Вера Бешлиевска.

















