ТЕРА

REKLAMA???

ТРНОВО И МАГАРЕВО ПОВТОРНО СЕ ЖАЛАТ НА ЕВН – ИМААТ ЧЕСТИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА

Селата Трново и Магарево и деновиве имаат проблеми со електрИчната енергија. Жителите и сопствениците на викенд куќи скоро секојдневно реагираат и до ЕВН и кај нас како телевизиска куќа.

Вчера прекинот бил пријавен веднаш по неговото настанување, а редовно , како секојдневна активности, екипите на ЕВН патуваат до овие две подпелистерски села и си го поправаат дефектот, до следниот ден.

Проблем е што прекините се чести, некогаш краткотрајни и повеќепати во текот на 24 часа.

Од ЕВН за нас и граѓаните ја имаат информацијата дека реонот се напојува од 35/10 кВ трафостаницата „Сапунчица“, дека „Во последниот период се реализира значаен проект за реконструкција и модернизирање на мрежата, во кој е опфатен токму оваа трафостаница. За да се реализираат работните активности во рамки на проектот мора да обезбеди безнапонска состојба, познати во јавноста како „Планирани прекини“. Важно е да се потенцира дека согласно стандардните процедури применливи низ целата држава, сите планирани прекини се најавуваат благовремено со цел да се информираат сите засегнати страни.“-велат од ЕВН.

Денеска на интернет страната за планирани исклучувања на КЕЦ Битола ги нема селата Трново и Магарево, а и за текот на утрешниот ден. Но, граѓаните велат, во овие две села не е секогаш врзано со надградбата на системот што го прави ЕВН.

Оттука,  на прашањето од ТЕРА  дали досега е направена техничка проверка или анализа на електродистрибутивната мрежа во Трново и Магарево и што покажала таа проверка, од ЕВН  посочуваат дека „на последните контроли се регистрирани дотраени столбови, јаже и самоносив кабел, состојба слична како и оценката за системот во целата  држава. На делот Трново Магарево,  направиле и дополнително расчистување и кастрење на вегетацијата. Редовната проверка на мрежата вклучила 10 / 0,4 киловолтни трафостаници и нисконапонската мрежа.“ Прегледот покажал дека се запазени стандардите за квалитетот со снабдување со електрична енергија прецизирани во дефинирани во Мрежните правила и Правила за снабдување со електрична енергија на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

И се е добро, освен кога не е.

Зимскиот период не остава простор за леженрност кај жителите на овие две села од општина Битола. Ненадејните падови и враќања на напонот, често предизвикуваат сериозни дефекти на електричните уреди во домовите. И, и покрај фактот дека постои процедура за обештетување во корисничкиот енерго центар на електродистрибуција, процедурата е процедура, со одредено времетраење ,  дефектот е дефект и треба да се надмине со одредн трошок, а и студот – е студ.

 

 

насловна фотографија / сопственост на двмц.орг.мк