ТЕРА

REKLAMA???

ЗИМА ВО ВОДОВОД БИТОЛА – БАРЕМ ДО КРАЈОТ НА ЗИМАТА

Дали владините проекти ќе го помогнат закрепнувањето на загубарот Водовод од Битола или финансискиот минус ќе се продлабочи? Пред оваа дилема се исправени раководството на ова јавно комунално претпријатие и граѓаните, непосредно пред почетокот на новата календарска и фискална година.

 Во 2025 година ЈКП „Водовод“ ќе се обиде да излезе од финансиската дупка од околу 992 илјади евра. Ова се најавува сега, на краот од годината, непосредно пред седницата на Советот на општина Битола закажана за 29 ти.

Три патишта за спас проектирал менаџментот и ги предлага до својот основач:

1.Зголемуавње на цената на услугата кон граѓаните,

2.Реалзиација на проектите со средствата добиени од владата ( изградба на нова водоводна мрежа и намалување на губитоците)

3.Изградба на фотоволтаици за намалување на трошокот за струја  во секојдневното работење

„Точно е минатата година имавме загуба од 60 милиони денари. Таа загуба се должеше на високите сметки за електрична енергија и испумпаната вода од хидросистемот „Стрежево“. 43 милиони за електрична енергија, без ДДВ и 50 милиони без ДДВ испумпана вода од хидросистемот – вели директорот Андреј Гинов објаснуваќи дел од причинита за загубата.

Тера: За новата 2026 година највувате нови проекти кои ќе значат и користење на повеќе средства ?

Гинов: Проектите се аплицирани преку Општина Битола, изработени од „Водовод“- Битола, а добиени преку Влада со Унгарскиот кредит. Ќе работиме некаде на 14 улици. Дел се нова мрежа, дел реконструкција на стара дотраена мрежа со нови водоводни материјали. “

Тера: Во загуба сте 61 милион денари, ќе вложувате 65, се од Владата? Не треба вие да ги исприходувате?

Гинов: Ние не вложуваме, ова се добиени проекти во Владата. Ние треба да ги изработиме и да ги добиеме парите.

Загубата не е направена само во текот на 2025 година  вели директорот Гинов,  се провлекува од претходно, заради промените на цената на струјата, заради кредитот за изградбата на управната зграда, заради повисоките плати на администрациајта. А и Општината ќе треба да плати.

Советот на општина  Битола  на следната седница се подготвува да изгласа субвенционирање на одредени општински јавни претпријатија. Според предлог буџетот во Програмата ј80 најавува 300.000 денари за субвенционирање на хидрантски мрежи. ЈКП „Водовод“ не е во нив вели Гинов.

 

Водовод е во комуналните претпријатија кои се надеваат дека Регулаторната комисија за енергатика и водни услуги ќе ја зголеми цената на водата што ја плаќаат граѓаните.

Во прилог кон причините за загубата во којашто се наоѓа битолски  „Водовод“  директорот Гинов денеска информираше и дека трошокот за вработените во следната година ќе се зголеми. Од 2021 година платите за 227 вранотени изнесувале 107 милиони денари. Во 2024 година бројот на вработени се намалил , ама парите за плати се зголемиле – 148 милиони денари. В година овој основен буџет на ЈКП Водово ќе биде со 10 милиони денари повисок. Вакви слични се и сите други трошоци кои ги има ова јкавно комунално претпријатие.  Или,

Финансиската вистина е тешка, фигуративно Водовод е „во зима“ затоа што предвидените проекти се самово најава, а до почетокот на нивна реализација, треба да помине зимата.

За да започне градежната сезона.

 

 

Целиот разговор со директорот Андреј Гинов во прилогот подолу што ве носи до YouTube.