Патот кој води кон манастирот во селото Крстоар, познат како дестинација за духовен мир и чист планински воздух, се претвори во непријатна глетка на човечката негрижа. Наместо природни убавини, посетителите таму се пречекани од купишта отпад и дива депонија.
Оваа состојба отвора сериозни прашања за колективната свест. Додека честопати вината ја префрламе на државата и на нефункционалните системи, реалноста на терен покажува дека уништувањето на природата е резултат и на индивидуалната неодговорност.
„Природата не ни е дадена да ја валкаме, туку да ја чуваме. Ако сакаме промена, таа почнува од нас самите“, велат револтирани граѓани кои ја документираа оваа состојба.
Еколозите апелираат дека патот кон промената не е само во казните, туку во промената на навиките.













