Центрите за згрижување на бездомни животни не се единствената законска обврска за заштита од улични животни ов државава. сопствениците на миленици мора да ги стерилизираат и правилно да ги шетаат доколку не сакаат да се соочат со големи парични казни.
Задолжителна стерилизација на кучињата како мерка за заштита од напуштање на кучињата и намалување на бројот на бездомни или улични кучиња. Ова е една од измените на Законот за заштита и благосостојба на животните со кои се предвидуваат и големи казни за сопствениците на животни ако не се вистински сопственици на миленици.
Се предлага да биде забрането дфа се чува куче на синџир без дневно да се шета, или според формулираното се предлага да има постојано врзување без движење и се предлага да има дневно слободно движење. Ако тоа не го прават, сопствениците се соочуваат со парични санкции од 400 евра. Ако пак стигнете и до пријава за мачење, повредување или убивање на животно , освен процесот на докажуавње, ќе треба да имате и до 5.000 евра само за казната. Се предлага и да биде забрането подарување на кученце од вашето легло ако не е регистрирано како легло, коешто претходно мора да биде пријавено на ветеринар и, кога ќе одлучите да подарите кученце – ветеринаро да евидентира кому сте го подариле. Тоа доколку во некој момент има дозвола вашата кучка да роди кученца. Се предлага и да биде најстрого забрането т.н неконтролирано размножување на кучињата. Оттука, се предлага задолжителност на стерилизацијата на кучињата. Во спротивно, повторно се планира санкција, како за непријавено легло.
Доколку државата утврди дека своето куче сте го направиле бездомник, па и сте го исфрлиле да шета по улиците од сите села околу градо- до градо, државата може да ви забрани во иднина да имате куче за миленик.
Во измените се предвидува и освен инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со состојбата на вашите миленици – кучиња надзор и санкционирање ќе може да спроведуваат и комуналните инспектори , државниот инспекторат и полицијата.
Предложените измени вклучуваат и забрани и строги казни за ритуални убиства или измачување на кучињата и животните, и центри за згрижување на локално ниво како надлежност на општините.
Ова се најстроги измени на законот и нормите што државата ги поставува за чување на животни, односно кучиња. И, еден од аспектите за кои се зборува кај граѓаните е фактот што со Закон повторно парите ќе се извлекуваат од граѓаните, наместо општините да се справат со проблемот на уличните кучиња. И Битола, како и другите општини се занимава со јавни расправи, предлози, каснувања, судски отшети и постојани реакции од граѓаните. Законот и досега предвидуваше општините да организираат стационари и да го контролираат размножувањето на уличните кучиња, но се користи системот залови-стерилизирај-пушти назад, а тоа не се покажува успешно. Во Теоријата за држава се констатира дека кога одреден проблем се решава со казни, рестрикции и централизирана контрола, тоа подразбира признавање на институционален, во ситуацијата, општински неуспех.












