ТЕРА

REKLAMA???

Дождовите ја зголемуваат опасноста од уривање на старите објекти

Дождливото време кое го зафати регионот деновиве повторно го актуелизираше проблемот со руинираните објекти во градот. Старите и неодржани градби, нагризани од забот на времето, и натаму остануваат стануваат сериозна закана за безбедноста на минувачите и возилата, а секое ново невреме дополнително ја нарушува нивната и онака кревка стабилност.

Еден од ваквите примери се наоѓа во самиот центар на Битола, на улицата „Никола Тесла“.

Примерот не е изолиран, ниту единствен. Секој нов дожд повторно го актуелизира ризикот од паѓање на фасадите на ваквите објекти. Влагата и дождот предизвикуваат ронење на делови од покривите и фасадните елементи, кои зависно од локацијата понекогаш завршуваат и директно врз тротоар или коловоз.

Ова истовремено претставува и закана за сообраќајот, како и за пешаците кои се движат во непосредна близина.

„Секогаш кога врне, ја преминуваме улицата за да не поминеме покрај оваа куќа. Страшно е да се гледа како се распаѓа, а никој не презема ништо со години,“ вели еден загрижен жител на улицата „Никола Тесла“.

Додека институциите и сопствениците честопати се заглавени во лавиринтите на имотно-правните односи или заштитата на културното наследство, граѓаните остануваат изложени на директен ризик. Пред само неколку месеци во период на поројни дождови неколку стари фасади се срушија во Битола, при што во еден случај имаше и оштетени возила.
Во следните денови пак повторно се најавени дождови.