Талентираниот битолчанец Илија Балтовски, кој веќе девет месеци ги освојува симпатиите на балканската публика, в недела ќе настапи во полуфиналето на музичкото белградско шоу „Никогаш не е доцна“.
Претпоследната емисија, во недела) всушност ќе биде и одлучувачка, кој од натпреварувачите ќе го „трча“ и последниот круг во финале.
„Прекрасното патување кое започна пред девет месеци, на 14 септември минатата година, полека се ближи кон крајот. На тоа патување поминав илјадници километри со мои драги луѓе, стекнав нови прекрасни пријателства, доживеав незамисливи искуства, а каде и да се појавев чувствував огромна поддршка од сите вас мои драги пријателки и пријатели. Ви благодарам од срце за тоа.. Во недела на 14.06.2026, после точно 9 месеци ќе настапам во полуфиналната емисија, која е и претпоследна од оваа сезона на шоуто “Никад није касно”. Ќе биде како и секогаш забавно, интересно и неизвесно. Во недела ако имате можност и желба, гледајте, забавувајте се и уживајте, па кој знае, можеби патувањето ќе продолжи и до самиот крај, до финалето. Се гледаме во недела.“-порача денес Балтовски, заблагодарувајќи се до сите свои фанови и поддржувачи.
Битолчанецот Балтовски в недела во одлучувачкото полуфинале на „Никогаш не е доцна“


















