Затвореници од повеќе казнено-поправни установи низ државата се вклучени во седумдневна работна акција за чистење на просторот покрај магистралните и регионалните патишта.
Акцијата е резултат на соработката меѓу Управата за извршување на санкции и Јавното претпријатие „Македонијапат“, а целта е расчистување на отпадот и уредување на патниот појас.

На околу десетина локации низ земјата, осудени лица започнаа со собирање на отпадот оставен покрај патиштата, кој најчесто е фрлен од несовесни возачи и патници.
Од Управата за извршување на санкции информираа дека во акцијата се вклучени лица од повеќе казнено-поправни домови и установи, меѓу кои најголемиот затвор „Идризово“, како и затворите во Штип, Прилеп, Куманово, Битола, Скопје, Гевгелија, Струмица и Струга.












