ТЕРА

REKLAMA???

Еколошки и инфраструктурни маки на Лавчански пат: Жителите бараат итно решение за канализацијата и улиците

Жителите на Лавчанската населба се соочуваат со сериозни комунални проблеми кои секојдневно им го отежнуваат животот. По пријава на загрижени граѓани, екипата на Тера Телевизија излезе на терен за да ја провери состојбата на лице место.


Од она што можеше да се види на лице место евидентно беше истекување на улицата. Жителите тврдат дека станува збор за отпадни води од канализацијата кои слободно течат по улицата, а низ воздухот се шири неподнослива и непријатна миризба. Посочуваат дека оваа алармантна состојба трае веќе со денови.


Покрај проблемот со канализационата мрежа, жителите реагираат и поради патната инфраструктура. Како што тврдат, споредните улички низ населбата со години се заборавени и не се асфалтирани.


Поради ова жителите бараат итна санација на канализациониот дефект и спречување на натамошно истекување и асфалтирање на споредните неурбанизирани улички низ населбата.


Жителите потенцираат дека е недопустливо во 21-виот век, на само неколку километри од строгиот центар на Битола, тие да газат во кал и отпадни води и да се соочуваат со проблеми карактеристични за рурални и изолирани средини.