ТЕРА

REKLAMA???

Клиничка болница Битола да стане современ регионален здравствен центар

По повеќе од десетина години премиер на Македонија се шета низ коридорите на Клиничка Болница – Битола, заклучија вработените денеска пречекувајќи го првиот човек на владата, премиерот Мицкоски, новоназначениот министер за здравство Сашо Клековски и битолските пратеници во македонското собрание. Нив ги придружуваа првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ во градот, а сите беа предводени од директорката Ненси Лозанче.

Градежните прилагодувања и техничката подготовка на болницата беа  во фокусот на вниманието на политичката делегација.

„Сакам да истакнам дека здравството е еден од моите лични приоритети, но и еден од најважните приоритети на Владата.

За жал, станува збор за процес кој бара време, енергија, трпение, но пред сè – финансиски средства. Она што со години, па и со децении беше запоставувано, не може да се исправи преку ноќ. Како Влада, оваа година рекордно издвојуваме повеќе од една милијарда евра за здравството и за потребите на граѓаните од здравствени услуги. Убеден сум дека ќе направиме сè што е во наша моќ во периодот што следува. Ваквите проекти навистина ме импресионираат и искрено ѝ честитам на директорката и на вработените во Клиничката болница во Битола. Ова е само почеток. Нашата цел е целосно обновување и модернизација на болницата. Одиме чекор по чекор,  со зајакнување на човечките ресурси, но и со обезбедување современа медицинска опрема и апаратура неопходна за квалитетно здравствено згрижување на граѓаните. Досега успеавме да обезбедиме дел од она што недостасуваше, а со исто темпо ќе продолжиме и понатаму. Сакам да им се заблагодарам на сите вработени, на директорката, на министерот, како и на Фондот за здравствено осигурување, за нивното трпение и посветеност во изминатиот период. Пред нас стојат уште поголеми предизвици, но Владата е цврсто определена да создаде современ здравствен систем кој ќе одговори на потребите на граѓаните.“-  рече премиерот Мицкоски.

Во интеракцијата со медиумите премиерот и за другите теми констатираше дека предизвиците се поголеми во сфери кадешо со години не биле преземани ефикасни мерки или, почесто не се работело ништо. Целта вели денеска од Битола на активностите кои плански се спроведуваат во битолската клиничка е обновување и модернизација на болницата, со зајакнување на човечките ресурси, и современа медицинска опрема неопходна за квалитетно здравствено згрижување на граѓаните.

Во изминатите две години, Клиничката болница – Битола реализираше значајни инвестиции во медицинската опрема, кадарот и инфраструктурата – информираше директорката Лозанче.

„Во болницата е набавена современа медицинска опрема, меѓу која фако-апарат и ехо-апарат за Офталмологија, ДЕКСА-апарат за радиологија, дигитален рендген-апарат, гастроскоп и колоноскоп за Интерното одделение, како и апарат за оптичка кохерентна томографија за интервентната кардиологија.

 

Во делот на човечките ресурси, реализирани се 82 нови вработувања, од кои 61 на неопределено време, како и вработување на 10 лекари на приватна специјализација. Дополнително, во болницата се реализирани и трансфери на специјалисти и медицински персонал од приватни и јавни здравствени установи.

Покрај опремувањето и кадровското зајакнување, во тек се и инфраструктурни подобрувања на Клиничката болница – Битола, реализирани со поддршка на општествено одговорни компании.“

Од раководството велат дека инвестициите продолжуваат, а во наредниот период се планирани и нови проекти за подобрување на условите за пациентите и медицинскиот персонал.

Сашо Клековски, кому ова е прва посета на Битола во својство на министер за здравство, го потенцираше регионалното значење на Клиничка Болница Битола, нагласувајќи дека сете развојни активности се во насока кон зајакнување на капацитетот на регионален здравствен центар.

„Многупати сме зборувале за регионализацијата и за значењето на Клиничката болница – Битола, не само за југозападниот, туку и за поширокиот регион. Регионализацијата мора да добие вистинска содржина и да не остане само на празни зборови. Директорката веќе ги наброја сите активности што се реализирани во однос на набавката на опрема и зајакнувањето на човечките ресурси. Мене особено ми е драго што бев присутен на промоцијата на првата група приватни специјализанти. Уште повеќе ме радува што дури десетмина одлучија да останат и да работат во Битола. Беа вложени посебни напори да се обезбеди инфектолог кој дојде од приватна здравствена установа од Скопје. Задоволни сме од неговата работа, а очекуваме и други искусни доктори и специјалисти да се приклучат на тимот на Клиничката болница. Следува и втората група специјалисти. Се надевам дека ќе има добар интерес и одѕив за работа во Клиничката болница – Битола, со цел дополнително да се доекипира установата.“

Првата промена од денешнаа посета на првите луѓе во македонското здравство и премиерот се очекува за пациентите со Склероза мултиплекс, децентрализација на терапијата којашто ќе може да се прима и во Битола, не само во Скопје.

Денеска од Битола во Битола беше порачано дека инвестициите во здравството и во клиничка Болница ќе продолжат, со проекти кои не само што ќе ги подобрт условите за пациентите и постојниот медицински персонал, туку и младите доктори и докторки ќе останат во градот.