Oд алатка за добивање одговори до дигитален помошник за секојдневието, работата и личните потреби. Tака се менува начинот на кој луѓето ширум светот го користат CHATGPT, алатка која веќе ја користат повеќе од една милијарда луѓе глобално, според податоците објавени од OPENAI.

Податоците од OpenAI Signals v2.0, кои опфаќаат пораки од индивидуални корисници во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година, покажуваат дека ChatGPT сè помалку е само место каде што се поставуваат прашања. Сè повеќе станува алатка со која корисниците нешто создаваат, обработуваат или завршуваат.
Глобално, надвор од работата најголем дел од употребата и понатаму е поврзан со поставување прашања, барање информации и појаснувања. Но кога ChatGPT се користи за работа, „правењето“ на пример пишување, уредување, програмирање, анализа и создавање содржини , е повеќе од двапати почесто од самото барање информации.

Според анализата на„ Институт Демократика“ пак врз основа на OpenAI Signals, македонските корисници релативно најмногу го користат ChatGPT за практична помош и совети.
Речиси 40 проценти од анализираните пораки спаѓаат во оваа категорија – од секојдневни задачи и учење, до совети поврзани со здравје, лична грижа и решавање проблеми.
Тоа значи дека наместо само: „Што е ова?“ сè почесто прашуваме: „Како да го направам ова?“ На пример како да направам ајвар од 20 килограми пиперки. Нема прашања за дефиниции или пак појаснувања или само информации. Ниту пак барање на повеќе рецепти, што сега претставува класичен начин на пребарување на информации, по дифолт многу бавен.

И пред да заклучиме дека во Македонија има многу осамени луѓе на кои им недостига љубезност од другите, само информацијата дека во Македонија релативно голем дел од употребата е поврзан со разговор, лични размислувања и самоизразување. ЧатГиПиТи станал персонален асистен и пријател.
Во јуни 2026 година, Македонија била единствената анализирана европска земја во која категоријата „муабет и самоизразување“ била почеста од директното барање информации.
Со други зборови, ChatGPT кај нас не е само: „Кажи ми.“ туку и: „Помогни ми да размислам.“ „Што би направил на мое место?“ „Помогни ми да напишам порака.“ „Како да му кажам ова на некого?“ Што води до заклучокот дека дигиталната енциклопедија на македонските граѓани им е другарче.
Македонската слика е повторно поинаква од светот кога се работи за работа со вештачка интелигенција.

Само околу 18 проценти од пораките биле поврзани со работа, што е релативно низок удел. Во работен контекст, луѓето ширум светот го користат ChatGPT за пишување, уредување, кодирање, анализа и други конкретни задачи. Според OpenAI, во работна средина корисниците се повеќе од двапати поверојатно да бараат од ChatGPT да изврши задача или создаде нешто, отколку само да побараат информација.
OpenAI во август 2026 година објави дека податоците опфаќаат повеќе од една милијарда луѓе кои го користат ChatGPT, а глобалната употреба продолжува да се шири и надвор од земјите кои први го прифатија генеративниот AI.
Од стпротивната страна на монетата во ситуацијата е прашањето колку корисниците ги проверуваат добиените информаации. Експертите велат колку повеќе ChatGPT станува дел од секојдневието, толку поважно е прашањето дали корисникот го проверува добиениот одговор.
AI може да даде корисен, брз и добро формулиран одговор, но тоа не значи дека одговорот автоматски е точен или дека ChatGPT е извор. Особено кога станува збор за здравство, право, финансии, политика или новинарство,











