ТЕРА

REKLAMA???

СИЛНИОТ ВЕТЕР ПРЕДИЗВИКУВА ШТЕТИ ВО БИТОЛА  

За влакно е избегната трагедија во населбата Ремо. Дрво паднало врз автомобил во движење, а за среќа, инцидентот поминал без потешки последици.

Но, среќа денеска немале две девојчиња кои минувајќи покрај Подрачното одделение за матично работење од Управата за водење матични книги се здобиле со повреди и се пренесени во Ургентното одделение на Клиничка Болница во Битола. Стаклото од излогот на оваа институција падна, а засега претпоставките за причината се поврзани со силниот ветер.

 

ТППЕ од Бiтола интервенира во селото Лавци, кадешто пред 30тина минути добиле дојава за силен пожар. И ова , засега и неформално се поврзува со ветрот.

Силниот ветер предизвикува штети низ Битола – се кршат дрвја и гранки, оштетени се возила, а проблеми има и со стаклените врати на станбените згради.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, јужниот ветер во Битола започнал да дува синоќа, а денеска достигнал брзина до 54 километри на час. Уште посилни налети се регистрирани во Пелагонија. Кај мерната станица во Тополчани, синоќа ветерот дувал со брзина од 70 километри на час, а денеска во 11 часот достигнал 86 километри на час.

Последиците од невремето се видливи и во градот. Во градскиот парк има оштетени дрвја, а се кршат и стари, суви и заболени гранки. На удар се и автомобилите што се движат или се паркирани во близина на парковите и дрворедите. Силните налети предизвикуваат оштетувања и на стаклените врати на станбените згради, особено таму каде што тие не се соодветно обезбедени.

Од УХМР прогнозираат дека силниот ветер ќе продолжи во текот на целиот ден, а слични временски услови се очекуваат и утре. Се апелира на зголемена внимателност при движење на отворено, особено во близина на дрвја, фасади и стаклени површини.