Светот го одбележува денот на срцето. Под мотото „не пропуштај ниту еден удар“ а во организација на Светската Здравствена Организација, лекарите, кардиолозите од целиот свет се насочени кон активности кои значат дополнителна информација и едукација за добро познатиот проблем.

Сите меѓународни институции потврдуваат дека кардиоваскуларните заболувања се убедливо најголемата закана за животот на луѓето. Официјалните медицински извештаи објавени во пресрет на овогодинешната кампања испратија сериозен аларм до јавноста: во Македонија се регистрира дури два пати поголема предвремена смртност (на возраст меѓу 30 и 70 години) од срцеви заболувања во споредба со просекот на Европската Унија. Анализите уште велат дека македонскиот здравствен систем потфрла во препознавањето на тивките симптоми.
Долгорочната статистика на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажува дека и покрај благиот пад на специфичната стапка на морталитет во изминатата деценија (од 538,6 починати на 100.000 жители во 2010 година, на 483,4 во 2023 година), бројките сеуште се екстремно високи. Според овој извор, во редовни околности, болестите на циркулаторниот систем се виновни за над 50% до 57% од вкупниот број смртни случаи во државата. Дури и во годините на екстремни здравствени кризи, како пандемијата во 2021 година, кога КОВИД-19 привремено изби на врвот според специфичниот морталитет, кардиоваскуларните заболувања цврсто го држеа приматот со 35,9% од вкупните смртни случаи, далеку пред неоплазмите (малигните заболувања) кои изнесуваа 13,8%.“
Најчестите дијагнози кои завршуваат со фатален исход во земјава се исхемичната срцева болест (срцев удар) и цереброваскуларните болести (мозочен удар).
Триаголникот на ризикот: Исхрана, тутун и токсичен воздух, се во основата на пробемо. Македонската жед за удобен живот по ресторани и забави, неприкосновено лошите навики : пушење, дебелина, отуство на физичка активност се основата на ваквата статистика. Поновите анализи ги вклучуваат и еколошките нокси . Новите еколошко-ветеринарни анализи направени од Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД) објавени во мај годинава претставија уште еден генерално непријатен факт, дека „ Македонија има највисока стапка на смртност во Европа предизвикана од ситни ПМ2.5 честички.“ Со дури 222 смртни случаи на 100.000 жители директно поврзани со аерозагадувањето, воздухот што го дишеме се потврдува како директен катализатор за инфаркти и мозочни удари.

Општата стапка на смртност во државата бележи благ пораст и се проценува на 10,84 починати на 1.000 жители, што донекаде се должи и на процесот на стареење на населението. Очекуваниот животен век во земјата моментално изнесува околу 76,6 години, при што жените во просек живеат подолго (75,2 години) во споредба со мажите (71,6 години).
Време е за акција, а не за статистика велат меѓународните организации за здравје.
Глобалната порака на Светската федерација за срце (СФС) и Светската здравствена организација (СЗО) годинава е јасна,вели „Над 80% од предвремените смртни случаи од срцеви заболувања можат да се спречат.“
Лекарите апелираат граѓаните да не ги игнорираат суптилните знаци како замор, повремена градна болка или висок притисок, а од државните власти се бараат итни, стратешки акциони планови за намалување на загадувањето и засилена промоција на здрави навики. Во спротивно, срцевите заболувања уште долго ќе останат на врвот на оваа неславна домашна статистика.











