Денес, 30 октомври, планирани се прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Битола и околината.
Од 08:05 до 12:15 часот, без струја ќе биде дел од селото Кравари, заедно со околните објекти.
Од 08:45 до 15:00 часот, прекин е најавен на улиците „Стрчин“, „Манапо“ и „Д-р Константин Робев“.
Од 09:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од селото Нижеполе, ски-лифтот и населбата Стрежево, заедно со околните објекти.
Во однос на водоснабдувањето, од ЈКП Водово нема најава за прекин на водата за пиење во Битола.












