По повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, од денес започнуваме со специјален серијал интервјуа со луѓето кои во изминатите години, па и децении ја водеа нашата општина. Низ разговори со поранешни градоначалници и претседатели на Советот, се враќаме во нивните мандати. Што се направи, што остана нереализирано и како ја гледаат Битола денес?
Серијалот го отвораме денес со Валентин Груевски. Во наредните денови следуваат: утре – Габриела Илиевска, в среда – Наташа Петровска, а во четврток – Силвана Ангелевска. Снаодливост, одлуки и визија за Битола – следете нѐ!
https://www.youtube.com/watch?v=kEX8_pZY-g4











