Давид Темелков на Макфест ја претстави својата нова авторска песна „ДОМ”, со која го најавува својот трет албум. Овојпат не се задржа само на музиката, текстот и аранжманот. Тој ги потпишува и сценариото и режијата на видеоспотот, снимен на седум локации, а пред камерите ги собра великаните на македонското глумиште – Марија Кондовска и Владо Јовановски.
Новата песна пристигнува во пресрет на неговиот прв солистички концерт во Загреб, закажан за 11 ноември во “Творница културе”. Единаесет години живот и музичко творештво низ Балканот, нов албум на повидок и концерт со кој ќе заокружи едно значајно поглавје од својот досегашен авторски пат – Давид оваа есен има неколку добри причини за славење.












