ТЕРА

REKLAMA???

Битолски креативни бизнис идеи за „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“

Најголемиот национален натпревар за млади иноватори „Средношколец милионер“ го има своето второ издание. Во моментот е во својата втора фаза, гласањето за идеите преку нивната страница milioner.mk/vote

Mindmate- паметна нараквица за поддршка на менталната благосостојба

MINDMATE – За поздраво и посреќно утре!

Ние сме Драгана Бандиловска (16) и Теона Димитрова (17), две средношколки од Битола, кои со заедничка идеја и голема желба за иновации го создадовме проектот MINDMATE.

Драгана е ученичка во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, а Теона во ООМУ „Д-р Јован Калаузи“.

Нашата идеја произлезе од желбата да создадеме нешто корисно за младите, особено во време кога стресот, училишните обврски и секојдневните предизвици се дел од нивното секојдневие.

MINDMATE е мобилна апликација наменета за поддршка на менталната благосостојба кај младите. Таа овозможува следење на расположението, вежби за дишење, релаксација, потсетници за грижа за себе и следење на личниот напредок.

Но, нашата визија оди чекор понатаму. Сакаме во иднина да го развиваме проектот и да создадеме паметна нараквица која би се поврзувала со апликацијата и би нудела дополнителни можности.

Гласајте за идејата тука: https://milioner.mk/vote/dd16b4fc-14db-4d69-88f6-3656575467fd?fbclid=IwY2xjawVqZZBleHRuA2FlbQIxMABwZG9mA3NydGMGYXBwX2lkDzUxNDc3MTU2OTIyODA2MQABH57MV8ubCQhmktg9l6WxtG2rQfIR3Wmn4EjcQu2j0LHrak-j-a9BsUtRJWVl_aem_b1lrJwDoIApV-6PR95M5LA

 

Спореди МК

Ние сме шестмина млади средношколци од Битола – од средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи” Даниел, Костадин, Надја, Михаела, Александра и Исидора, учествуваме во проектот „Средношколец милионер“ со бизнис-идеја Sporedi.mk.

Станува збор за веб-платформа која ќе им овозможи на граѓаните да споредуваат цени на различни производи од повеќе продавници во Македонија, на едно место, и да го пронајдат најповолниот избор.

Посебноста на платформата е и нејзиниот AI асистент, преку кој корисниците ќе можат да опишат што бараат и колкав им е буџетот, а вештачката интелигенција ќе им помогне да ги пронајдат најсоодветните производи и понуди.

Целта на тимот е купувањето да стане полесно, побрзо и поисплатливо за сите!

Sporedi.mk – помалку трошење, повеќе заштеда!

 

Гласајте за идејата тука: https://milioner.mk/vote/98d6853b-af58-4910-9da4-004fdd09d7cd?fbclid=IwY2xjawVqaQxleHRuA2FlbQIxMABwZG9mA3NydGMGYXBwX2lkDzUxNDc3MTU2OTIyODA2MQABH5elTIhPjzH4_6BhbySyJfnBEDmLBQQL9DydMXOl4kRR4xQKAm3MZGulmP8L_aem_Hc0wzSv7_FmO1yuH6N60cQ