ТЕРА

REKLAMA???

Години молк за булинг во училиште: 10 годишник на лекување во битолска Психијатрија

Мајка на 10 годишно дете бара помош од институциите во справување со соучениците на својот син кој вели е жртва на долгогодишен булинг. Десетгодишникот сега е на лекување на детска психијатрија, па бара итни мерки за конечен крај на агонијата што кај целото семејство предизвикува емоционална траума.

Во писмена пријава поднесена до училиштето „Даме Груев“ и до ТЕРА, мајката наведува дека нејзиниот син, сега ученик во петто одделение се соочува со малтретирање од истите свои соученици уште од прво одделение.  Вели дека малтретирањето и булингот имал неколку слоеви и дека во поново време групата соученици вршеле психолошко насилство врз детето со исмејување, понижување и тешки навреди упатени за целото семејство. Но, има и директно физичко насилство. Во изминатиот период во училишниот тоалет детето било боцкано со боици и моливи, по завршување на часовите во училишниот двор девојче од повисок клас, но сестра на едно од групата му удрило клоца, на пат кон дома којзнае колкупати нејзииот син бил туркан од патот во неискосените растенија со трња. Во четврто одделение, лани, нејзиното дете било турнато на улица во момент кога минувал камион, кога, како што вели „самио Господ“ го спасил. Последниот инцидент се случил во петокот на 13-ти , кога дедото на ова дете кај педагогот на училиштето го пријавил несоодветното однесување на групата ученици, но пријавиле и во полиција.

Медицинските и наодите од одделението за медицинска психологија во клиничката болница во Битола посочуваат дека  малтретирањето од истите деца 10годишникот го пријавувал кај класната раководителка, не бил разбран од неа па со тек на времето детето почнало да не кажува што му се случува ниту дома. Во овој извештај од детскиот психијатар е евидентирана „негативна адаптација што се рефлектира со емоцијонално страдање и повлекување. “ препорачан е психотерапевтски третман со релаксациони и бихевиорални елементи .

Од училиштето денска одговорија дека случајот се следи од 2023 година, кога децата биле во прво одделение и бил регистриран првиот инцидент. Но, во следните 3 години велат од подрачното до централното училиште наставничката не испратила никаква пријава за настани поврзани со булинг. Меѓу другото, забележана е и состојба во која наставничката не ги праќала на одмор засегнатите страни без нејзин надзор. Ситуацијата повторно била отворена на 13, во петокот кога тимот за превенција од булинг ја добил реакцијата на дедото за искината виндјакна и повторен напад.  Оттогаш педагогот на училиштето и одделенската наставничка спроведуваат индивидуални разговори со учениците, со нивните родители , а се планира и  заеднички родителски состанок со сите од единственото петто одделение во подрачното училиште. Кога ќе се соочат сите страни, педагошкиот и наставничкиот тим ќе определат дали ќе се користат одредени педагошки мерки, кои за деца во оваа возраст може да бидат само усна и писмена опомена. Во поширокиот круг на своето истражување во изминатиот период дошле и до сознанија за несредени соседски односи на возраснисте што се прелева врз децата. И иако училиштето неможе да биде одговорно за настани надвор од кругот на училиштето како што веруваат родителите на 10годишникот, во минатото преземени биле и неформални инцијативи за смирување на сите. Тимот за превенција на насилство во ова училиште имале и најразлични проекти за сузбивање на врсничко насилство , дигитална култура и емпатија.

Во меѓувреме од Центарот за социјални работи потврдуваат дека по лична пријава од родтел е отворен предмет. Случајот се води како дете во ризик и веќе е изготвен индивидуален план за постапување. Настанот бил пријавен и во полиција и се очекува нивниот официјален извештај , а социјалните работници веќе испратиле допис со кој од училишето бараат конкретна информација за тоа што досега е преземено за превенција на инциденти меѓу ученици во врска со булинг.

 

Насловна фотографија: илустрација направена со ВИ