ТЕРА

REKLAMA???

Битола како и Македонија е во демографска криза

„Старее нацијата, институциите немо следат развој на демографска криза„.Ова е заклучокот на Државниот завод за ревизија( ДЗР) по анализата за институционалната подготвеност за справување со демографската криза во државата.

Извештајот на Државен завод за ревизија открива сериозни слабости во системот за грижа за старото население и предупредува на растечки притисок врз пензискиот и здравствениот систем.

Ревизорите констатираат дека државата нема сеопфатен и координиран пристап за справување со последиците од стареењето. Иако трендот е очигледен со години, институциите доцнат со креирање долгорочни стратегии, оставајќи го системот изложен на сериозни ризици.

Еден од најзагрижувачките наоди се однесува на одржливоста на пензискиот систем. Со намалување на работоспособното население и зголемување на бројот на пензионери, се создава дисбаланс кој во иднина може да доведе до финансиска нестабилност.

Извештајот предупредува дека без суштински реформи, товарот врз буџетот ќе расте, а исплатата на пензиите ќе стане сè потешка задача.

Покрај финансиските предизвици, ревизорите нотираат и слабости во системот за социјална и здравствена заштита. Недостасуваат капацитети за долгорочна грижа, а услугите за стари лица не се доволно развиени, особено во руралните средини.

Трендот на стареење на населението што го нотира Државен завод за ревизија јасно се одразува и во Битола, и тоа дури поизразено отколку на државно ниво. Податоците покажуваат континуирано намалување на населението и индиректно стареење (заминување на млади, намален природен прираст).

Статистиката од интернет посочува дека трендот на опаѓање на населението продолжува. Од 86 илијади население според пописот од 2002 година, на пописот во 2021 година биле избројани преку 83 илјади битолчани, а се предвидува дека до крајот на оваа деценија бројот население ќе биде за 10.000 помал. Прогрнозаата била направена рз основа на трендот за пад на населението од 15-20роценти за последните 20 години и статистиката којашто се повторува – низок наталитет, зголемен морталитет, или негативен природен прираст. На ова се накалемува се почестото останување на младите во градот кадешто студираат, а потоа и нивно исселување во западно-европските или прекуокеанските земји. Според извештајот, клучен индикатор е старостната структура којашто во Битола не се разликува од таа државната – се зголемува уделот на население над 65 години, се намалува бројот на млади од 0 до 19 години, што подразбира дека Битола и Македонија е во т.н демографска инверзија.

Системот, како што се наведува, повеќе реагира отколку што превенира – без јасна стратегија за активно и достоинствено стареење.

Ревизорскиот извештај укажува дека недостига интегрирана политика што ќе ги поврзе економските, здравствените и социјалните аспекти на проблемот. Па заклучува и препорачува –  без итни и координирани мерки, државата ризикува да се соочи со сериозни последици, не само во социјалната сфера, туку и во економската стабилност.