Општина Битола “изби” на првото место на листата должници од јавниот сектор во градот со вкупни обврски од околу 186,4 милиони денари. Од нив 137,4 милиони денари се доспеани и неплатени, а 48,9 милиони недоспеани обврски. До 2025 година, оваа неславна позиција ја држеше ЈКП Водовод.
Вкупниот долг на битолската локална самоуправа предводена од Тони Коњановски изнесува над 3 милиони евра!
ЈКП Водовод сега е на второто место најголеми должници со пријавени обврски во износ од 106.416.674 денари, односно над 1,7 милиони евра!
Тројката најголеми загубари во градот ја заокружува Клиничката болница Битола со обврски од 91,7 милиони денари, што ја потврдува сериозно лошата финансиска состојба кај клучните институции во градот.














