ТЕРА

REKLAMA???

CREDISSIMO И ГОДИНАВА СО ДОНАЦИЈА ЗА ПРВАЧИЊАТА

И оваа година CREDISSIMO им посака топло добредојде на првачињата на првиот училишен ден.Втора година по ред се спроведува кампањата под име „Секогаш биди број 1″, преку која компанијата подари 750 училишни прибори во 20 основни училишта.

Финтек-компанијата CREDISSIMO која постојано применува општествено одговорни практики, неодамна формираше посветена платформа – Активирај се навреме, под чија капа и оваа година ја реализираше капмањата „Секогаш биди број 1″, посветена токму на првачињата. Капмањата „Секогаш биди број 1″ продолжува со истата цел – да ги израдува и мотивира малите првачиња, но оваа година со уште поголем број, односно сега CREDISSIMO подари 750 училишни прибори во 20 основни училишта лоцирани во Битола, Охрид и Тетово.

„Навистина сме многу среќни што повторно ја реализираме оваа активност, особено во овој период кога сите се соочуваме со големите поскапувања. На овој начин покрај тоа што ќе ги израдуваме најмалите, учениците ќе имаат и можност за поефикасно изведување на наставата, но и финансиски ќе им помогнеме на нивните семејства во период кога навистина имаат потреба од тоа. Оваа кампања за нас е од големо значење бидејќи сме свесни дека клучот за подобра иднина е токму во рацете на најмладите генерации, бидејќи вложувањето во образованието како еден од најважните столбови во општеството е од огромно значење. Оваа година донацијата е обезбедена во рамки на платформата Активирај се навреме која ја формиравме неодамна и која има за цел да реализира општествено одговорни кампањи од социјален, хуманитарен и еколошки карактер“,изјави Георги Руков, директорот на Финтек-компанијата CREDISSIMO.

Компанијата CREDISSIMO преку платформата Активирај се навреме, реализираше уште еден гоолем хуманитарно-еколошки проект „Секое капаче е вредно” во кој сите граѓани на Битола може да се приклучат со цел да се соберат што е можно повеќе пластични капачиња.

Пред неколку месеци во центарот на градот беше поставена метална конструкција за собирање на пластични капачиња.

Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку што директно се помога на подобрување на животната средина но и во хуманитарни цели бидејќи средствата кои ќе се обезбедат преку откупот на капачиња заедно со финансиската поддршка од главниот покровител CREDISSIMO ќе бидат наменети за реновирање на голем број детски здравствени одделенија во целата држава.