По реакција на граѓани, екипа на Тера ТВ го посети стариот пат кон Братиндол и Ротино и затекна поразителна слика. Долж патот се оформени десетици мали диви депонии, со расфрлан отпад од секаков вид.
Ова веќе не е изолиран инцидент, туку сериозен проблем што укажува на нефункционалност. Наместо навремена реакција, ЈП „Комуналец“ очигледно дозволува ѓубрето да се натрупува без контрола.
Прашањето е едноставно: каде е одговорноста? Граѓаните плаќаат за чиста околина, а добиваат депонии покрај патиштата.
















