Горан Козаров кој беше директор на ЈП„Водовод“ Битола во перидот од 2017 до 2021 година, многупати бил, и вчера во дел од прилогот на оваа телевизиска куќа беше повикан да одговори на критиката дека проблемите во битолската водоводна мрежа се случуваат токму заради изградбата на управната зграда. Во продолжение неговата реакција на оваа тема.
„Согласно нашата програма и годишните програми за развој, избалансиравме сопствени средства, значи Водовод во тие четири години ништо не направи со кредит и се направи со сопствени средства, а управната зграда е направена по математички анализи според тоа колку плаќаме за ќирија, која е сумата на чинење, бидејќи ако си „ти“ под ќирија само локацијата е различна а трошоците се огромни. Еден трошок од 1.500 евра месечно, 20 илјади евра за греење на тој објект и околу во просек 2 до 3 илјади ерва сметки за струја. Кога ќе ги соберите, на минимум со најмногу штедење тоа се околу 50.000 евра годишно расход за седење во туѓ објект. Ако се земат годините, колку години беше „Водовод“ таму, тоа беше енормна сума на пари.“

„Кога го објавивме тендерот за изградба на управната зграда и кога ја добивме цената од мета квадратен – 400 евра.. .значи и тогаш беше многу нормална и многу ефтина за деловен објект по принципот клуч на рака а од оваа гледна точка кога знаеме дека моментално цена на чинење по само две години за квадрат е 1.200 евра. Значи, инвестицијата гледано од оваа перспектива сега, глеадем дека е многу исправна, имаме трипати добивка на „Водовод“ , знаете вредност на зградата доколку има потреба од кредит или слично, нема да земат 500 илјади евра ќе може да земат 2 милиони евра . Гледаме дека одлуката е исправна.“












