По предлог на наш сограѓанин, гледач на ТВ ТЕРА денска го снимавме мостот од местото викано „Под Линија“, на крајот од куќите од улица 16-та. Направен е многу цврсто – со арматура, која е целосно видлива, со оглед на фактот дека е видлив целиот материјал што бил искористен при градбата. Никој досега не посветил внимание да ја провери безбедноста на овој мост.

Снимките што ги направивме денеска прикажуваат алармантна состојба на патната инфраструктура, која наместо да биде безбедна сообраќајница, мост преку реката Дргаор во нејзиниот последен дел од градот, претставува директна закана. За сите учесници во сообраќајот. Особено затоа што се работи за мост низ кој секојдневно минуваат стотици тешки товарни возила – шлепери со јаглен за РЕк, камиони на градежното претпријатие „Гранит“ и многу други товарни возила коишто својот товар го носат низ индустрискиот дел на градот.

Според сограѓанининот кој ја следи ТЕРА, мостот е во распаѓање.
Според снимките, навистина можеби најкритичниот елемент видлив на снимките и фотографиите што денеска ги направивме е челичната арматура. Директно е изложена без слој на асфалт кој одамна бил поставен тука. Според градежниците арматурата е дизајнирана да биде во внатрешноста на бетонот, а кога е изложена таа кородира и со тоа ја намалува носивоста на самиот мост. Тоа подразбира дека секој што поминува на мостото ја „заморува“ конструкцијата којашто останала без заштита.

Од друга страна пак деловите од арматурата и металните шипки лесно може да предизвикаат пукање на гуми и губење на рамнотежата на тешките товарени возила кои иако бавно возат на ова место, може да се превртат во реката, затоа што и заштитниот браник на мостот е многу мал.
Целиот дел од улицата која ја поврзува мостот левата и десната страна на реката Драгор на ова место е како пајажина – мрежа на пукнатини и длабоки ударни дупки кои само се прошируваат. А тоа подразбира дека секој камион што минува предизвикува динамички удар што, велат градежниците е удар за мостот.

Патничките возила пак имаат слалом, најчесто неуспешен низ патот. Возачите кои често минуваат велат дека ударните дупли сепак се непредвидливи и често се избегнуваат и со нагли моменти кога се размонуваат со поголемо возило.
Мостот, со најголема негативна критика за состојбата што ја изрекува секој возач е за во рубриката „верувале или не“. Според сите стандарди, теории и математики, мостот не е за стандарден сообраќај. Не ги исполнува ниту минималните стандарди за безбедност на сообраќајот. А сепак, секој ден се користи. Возачите се принудени да возат на другата лента, во слаломот. И денеска, сочекуваа ние да ја завршиме нашата работа, па потоа тие да поминат, без дополнително да го загрозат нашиот живот.

Инженерите тврдат дека најпрвин треба да се овозможи друг привремен пат, или да се озгради нов мост, што е малку потешко. Дека треба да се искрпат дупките, но и целосно да се реконстуира коловозната површина за заштита на арматурата. Да се проверат столбовите носачи и тие да се санираат.

Во меѓувреме, да се разгледа носивоста на мостот, и да се ограничи тежината на возилата кои минуваат овде за да се превенира катастрофално попуштање на објектот и, да се постават предупредувачки знаци за оштетен пат и опасност на патот, особено за време на ноќните часови кога е потребна светлносна сигнализација.
Затоа што вака наликува дека се очекува трагедија, пред да се преземат чекори за нејзино спречување.
















