Воведувањето на топлински ситстем во градот е проект кој се реализира подолго време, а честите затворања на улиците за сообраќај претставуваат проблем за граѓаните кои реагираат и во телевизија тера. денеска се работеше на улицата партизанска. од битолска топллификација реагираат дека се прават последните проверки за трајност на системот и дека многу брзо проектот ќе биде докомплетиран.

Работите што ги реализира Топлификација во изминатиот период се дел од докомплетирањето на проектот за спроведување на инфраструктурата на топлинскиот систем во градот – проект што ЕСМ го реализира континуирано подолг временски период.
Воведувањето на топлинскиот систем е комплексен и долгорочен процес, кој во одредени фази подразбира привремени затворања на улици за сообраќај.
Од Топлификација денеска за ТЕРА велат дека се свесни за непријатностите со кои се соочуваат граѓаните, но и дека тие работат на активности кои мора да се реализираат на цевководот кон обезбедување на трајноста на мрежата.
Во моментов се финализира претпоследното појачување на паралелен приклучок на улицата „Партизанска“, во делот под ШИК „Лавци“. За сите активности е обезбедено сообраќајно решение, со кое сообраќајот се одвива непречено, а до среда овој дел целосно ќе биде саниран и повторно затворен за интервенции. Во наредната фаза следи асфалтирање, со што ќе се заокружи процесот на паралелни појачувања на овој дел од градот. Останува уште едно појачување на паралелен извод, по што ќе биде завршена целокупната доработка на проектот.
Во однос на прашањето зошто вакви активности се изведуваа и на други локации низ градот откако цевководот беше комплетиран, од Топлификација појаснуваат дека „по завршувањето на основната изведба на цевководот во Битола, сите технички параметри, во соработка со консултанти од Виена, биле внесени во специјализиран софтвер за долгорочни симулации на работа на системот (греење, ладење и оптоварување). Анализите покажале дека во период од околу 25 години може да се појават потенцијално слаби точки на одредени паралелни приклучоци.

„Овие сознанија не можеа да бидат утврдени предвреме, туку произлегоа по инсталацијата и деталната софтверска анализа. Затоа беше донесена одлука сите такви делови навремено да се појачат, со цел да се избегнат идни дефекти и да се обезбеди долг животен век и сигурност на системот – не само за сегашните корисници, туку и за идните генерации.“ – информираат денеска од Топлификација.
На крај додаваат дека „Топлификација“ и ЕСМ остануваат посветени на квалитетна и долгорочно одржлива реализација на проектот, со минимизирање на непријатностите за граѓаните и со навремено информирање на јавноста.













