ТЕРА

REKLAMA???

Oпштина Битола: Против комарците, според Програмата усвоена од Советот

ТЕРА Телевизија денеска испрати прашања до Општина Битола и Центарот за јавно здравје како избран субјект што треба да ја спроведе дезинсекцијата и во оваа 2026 година.

Општина Битола ги испрати следните одговори:

Тера: Кога се планира спроведувањето на годинешната дезинсекција ?

Општина Битола: „Општина Битола склучи Договор со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола за спроведување на мерки од Оперативен план и Програма за контрола и сузбивање на комарците и другите штетни инсекти на територијата на Општина Битола и јавните површини во потесното и поширокото подрачје на градот Битола од превентивна дезинсекција на територијата на општината во април 2026 година.
Носителот на набавката го извршува предметот на набавка во рокови утврдени во Оперативен план и Програма за контрола и сузбивање на комарците и другите штетни инсекти на територијата на Општина Битола и јавните површини во потесното и поширокото подрачје на градот Битола.
Согласно Договорот, предвидени се вкупно три фази на адултицидна и три фази на ларвицидна дезинсекција. Заклучно со 08.06.2026 година, реализирани се една фаза на адултицидна и една фаза на ларвицидна дезинсекција. Втората фаза на ларвицидна дезинсекција е закажана за 11.06.2026 година.“


Тера: Дали постои територијална мапа и рокови што мора да се следат за навремено спроведување на дезинсекција?

Општина Битола: „Согласно Одлука на Совет на Општина Битола, во декември 2025 година, донесен е Оперативен план и Програма за контрола и сузбивање на комарците и другите штетни инсекти на територијата на Општина Битола и јавните површини во потесното и поширокото подрачје на градот Битола, како општа превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава на заразни болести чии вектори на пренесување се комарците, согласно кои се утврдени роковите и територијалниот опфат. “

Тера:  Која е процедурата којашто Вие како Општина Битола ја спроведувате за избор на субјект што ќе ја спроведе дезинсекцијата?

Општина Битола: „Процедурата на избор на оператор се спроведува со постапка за Јавна набавка преку ЕСЈН.“

Тера:  Во кој временски / календарски период се реализира таа процедура за сите чекори да бидат навремени?

Општина  Битола: „Согласно Буџетот на Општина Битола донесен во декември 2025 година, предвидени се средства за спроведување на Оперативен план и Програма за контрола и сузбивање на комарците и другите штетни инсекти на територијата на Општина Битола и јавните површини во потесното и поширокото подрачје на градот Битола. Во февруари 2026 е отпочната постапката за Јавна набавка на оператор, која што е завршена со потпишување на Договор во април 2026 година.“

Тера: Кој одлучува како ќе биде спроведена дезинсекцијата?

Општина Битола: „Согласно Стручното мислење за потребата од спроведување на превентивни мерки за заштита на населенито од вектор преносливи болести за 2026 година, изработено од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола донесен е Оперативен план и Програма за контрола и сузбивање на комарците и другите штетни инсекти на територијата на Општина Битола и јавните површини во потесното и поширокото подрачје на градот Битола, од страна на Советот на Општина Битола на Седница одржана на ден 29.12.2025 година.
По спроведената постапка за Јавна набавка Центарот за јавно здравје Битола е избран како носител на набавката, и истиот ја реализира согласно усвоените документи.“

Тера:  Колку пари чини спроведувањето на дезинсекција на територија на општина Битола?

Согласно Договор за Јавна набавка за спроведување превентивна дезинсекција на територијата на општината, помеѓу Општина Битола и ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, вкупниот износ изнесува 915.000 денари.