ТЕРА

REKLAMA???

Филипче на регионална средба со општинските организации: Нема да дозволам внатрепартиско роварење

„Има некои луѓе кои што се амбицираат како некоја групација, како некои луѓе кои што не се задоволни од тоа како партијата се движи во изминатиот период. Меѓутоа не сакаат да дојдат и да разговараат и не сакаат да ги соочат аргументите, затоа што аргументи немаат, затоа што се платени од ВМРО ДПМНЕ, на кој што проектот ЗНАМ веќе им пропадна. И не може да сметаат повеќе на тоа.“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче синоќа на регионалната средба со општинските организации во Штип каде беа присутни и битолски социјалдемократи.

„Јас нема го дозволам тоа внатрепартиско роварење, делење. Заради нечии интереси кои што да знаете, ако не сте ја знаеле позадината, тој проект е повторно, како проектот ЗНАМ, платен од ВМРО ДПМНЕ. Платен заради тоа што тоа им е единствениот начин тие да останат на власт.“- рече Филипче.

Синоќа на регионалната средба со општинските организации се разговарало за новата партиска програма и за идните чекори. Започнуваме-широка внатрепартиска дебата, директна комуникација со членството и со граѓаните на терен. СДСМ е силна кога е обединета. Консолидацијата и внатрепартиското единство се нашата најголема сила и клучот за уште посилен СДСМ во борбата против оваа власт. Мора да работиме за да ја вратиме целосно довербата во СДСМ. Дали можеме? Можеме. Затоа што се осеќа дека енергијата е променета, не се само партиските членови и симпатизерите, луѓето сфатија дека нема иднина со оваа власт“ – рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Штип, кој додаде дека граѓаните ги препознаваат лошите политики на владата, разочарани се од власта затоа што знаат дека нема иднина. „Луѓето тоа го препознаа, сега кажуваат тотално сме разочарани од власта, не гледаме дека ќе се подобрат.“- рече Филипче.