ТЕРА

REKLAMA???

SВЕЗДИЧКИТЕ НА СИ-ДО ВО РАДОВИШ И СТРУМИЦА

СИДО sвездичките  направија преубава атмосфера на двете супер распеани претстави во Струмица и Радовиш, а  срцата на сите присутни беа исполнети со радост и музика.

„Да ја негуваме и да ја шириме македонската детска песна СИ-ДО за сите деца“, велат од фестивалот.

Оваа година беше одржано 28-мо по ред издание на детскиот фестивал Си-До. Фестивал кој има значајно место во културниот живот на градот, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите. Покрај Струмица и Радовиш, дечињата досега имаат настапувано во Кичево, Македонски Брод, Кочани и Македонска Каменица и многу други места како дел од нивната Си До турнеја низ Македонија, на која ги запознаваат посетителите со најубавата детска песничка на овој фестивал.