ТЕРА

REKLAMA???

Битолчани изненадени од висината на сумата која ја добиле за обештетување од земјотресот во 2022

Чешит да е денот! Битолчани вака коментираат на социјалните мрежи изненадени од висината на сумата која ја добиле за обештетување од земјотресот во 2022 година.

Некој добил 81 денар, друг добил повеќе – дури 85 денари. Трет добил 170 денари…

По четири години од земјотресот, на граѓаните им се исплаќаат пет проценти од штетите. Средствата од државниот буџет беа префрлени на наменска сметка на Општината. Оштетените со сегашните исплати добиле во просек по околу 750 денари (околу 12 евра) по лице. Станува збор за околу 2400 битолчани кои претпреле штета од земјотресот во 2022 година.

Наспроти ваквите симболични суми за граѓаните, над еден милион денари се потрошени за комисијата која вршеше проценка на штети, реагираат од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“.

„За 2.400 оштетени битолчани од земјотресот се одобрени 5%, просек по 700 денари, а за Комисијата за проценки на штета од земјотреси се потрошени милион денари за десетина души? Лоша математиката, ама гледам крепи Битола уште повеќе“, стои во реакцијата на Габриела Илиевска од “Поинаку“.